петок, август 21, 2026
Дома СВЕТ Петмина исчезнати и осуммина повредени во пожар во зграда во Швајцарија

Петмина исчезнати и осуммина повредени во пожар во зграда во Швајцарија

1

Пет луѓе се пријавени како исчезнати, а осуммина се повредени откако огромен пожар зафати станбен блок во кој се наоѓаат ресторан и станови во швајцарски алпски градТусис, дел од источниот кантон Граубинден.

Пожарот избувна ноќеска, веднаш по полноќ, по што речиси 100 пожарникари од различни локални мрежи тргнаа да го гаснат.

Од оние кои успеале да избегаат од пожарот двајца се со сериозни повреди, други двајца се умерено повредени, а четворица претрпеа полесни повреди.

Голема количина чад се издигаше над станбениот комплекс, а пожарникарите се соочија со тешки услови во зградата откако се урна скалиштето, па мораа да го откријат покривот и да гаснат од горе.  Полицијата  изјави дека објектот е целосно уништен од пожарот.

ИЗДВОЕНИ