петок, октомври 9, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА „Продуктивните разговори“ со Иран ја бутнаа цената на нафтата

„Продуктивните разговори“ со Иран ја бутнаа цената на нафтата

19

Цената на суровата нафта од типот „Брент“, која служи како глобален репер, денес падна откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се водат „продуктивни разговори“ со Иран и дека американската војска нема да го нападне Иран пред претстојните избори за Конгресот во ноември.

Претходно утринава, цената достигна речиси 106 долари за барел, по што нагло опадна. Во моментов таа изнесува 103,28 долари за барел, додека цената на американската сурова нафта (репер за САД) падна за 0,9 отсто, на 90,23 долари.

На пазарот на обврзници, приносите се задржуваат на највисоките нивоа во последните неколку години – па дури и децении – што претставува закана за забавување на економијата.

ИЗДВОЕНИ