четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Продолжува подигањето хаварисани возила од јавните површини

Продолжува подигањето хаварисани возила од јавните површини

126

Во соработка со колективниот постапувач – Друштвото за управување со отпад „Грин роад “ДООЕЛ од Скопје, Општина Карпош продолжи со акцијата за подигнување стари отпадни возила без регистарски таблички, кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа.

Во согласност со позитивните законски прописи, Општината со соодветна налепница ги информира сопствениците за нивната законска обврска да ги дислоцираат возилата од односната локација. По истекувањето на рокот, Општина Карпош, во корелација со овластениот колективен постапувач, врши дислоцирање на возилата.

Од локалната самоуправа повторно апелираат до сите граѓани што поседуваат ваков тип возило, на кое веќе има налепница и е спроведена инспекциска постапка од страна на официјалните инспекциски служби, да го отстранат, во спротивно ќе биде отстрането на нивни трошок и ќе биде транспортирано во собирен центар – депо, каде што ќе биде оставено седум дена, а потоа ќе биде однесено на рециклирање.

Акцијата ќе продолжи сè до конечно подигнување и отстранување на сите отпадни возила од територијата на Општината.

 

 

ИЗДВОЕНИ