четврток, јуни 4, 2026
Дома МАГАЗИН Џенифер Лопез ја најави својата нова песна, „Спаси ме вечерва“

Џенифер Лопез ја најави својата нова песна, „Спаси ме вечерва“

140

Актерката и пејачка Џенифер Лопез ја најави својата нова песна, „Спаси ме вечерва“ (Save Me Tonight), со интересна и впечатлива облека инспирирана од модата од 90-тите.

Во видеото што го сподели на „Инстаграм“, таа носи бежов костум со длабоко деколте, кое открива кафеав градник, тренд наречен „канцелариска сирена“, а вниманието го украде скапата чанта.

Преголемиот костум е со широки прерамки и ногавици, а го комплетираше со очила за сонце, златен накит и со сандали со платформа. Сепак, вниманието го украде луксузната чанта „хермес биркин“, за која списанието „Инстајл“ објави дека вреди приближно 76.000 долари.

Нејзината коса и нејзината шминка, исто така, го следеа носталгичниот стил од 90-тите со долгите слоевити шишки, шминката за очи со чад и со мат карминот. Истиот стил може да се види во „тизерот“ за новиот музички спот, каде што танцува таа опкружена со луѓе во црно, на психоделичните визуелни ефекти и танцовиот ритам на песната.

Инаку, нејзините обожаватели веќе имаа можност да ја слушнат песната пред нејзиното официјално објавување, таа ја изведе минатата година, во текот на својот настап на турнејата „Up All Night: Live in 2025“. Ова е нејзино прво големо музичко соопштение за 2026 година и е соработка со Дејвид Гета, со кого претходно имаше успешни денс песни.

Фото: Инстаграм

ИЗДВОЕНИ