сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Продолжен викенд, долги нервози: Километарски колони на ГП Богородица

Продолжен викенд, долги нервози: Километарски колони на ГП Богородица

87

Продолжениот викенд си го направи своето, големиот одлив на граѓани предизвика долгометражни колони и повеќечасовно чекање на граничните премини за излез од државава.

Најголеми гужви се на „Богородица“, а помали колони има на „Меџитлија“ кај Битола. Чекањето за влез во Грција трае со часови.

Слично е и во Дојран, кој се користи како алтернативен премин. Колони има и на „Меџитлија“ кај Битола, но се помали.

За оние кои допрва планираат да патуваат, препорака е претходно да ја проверат состојбата преку камерите на ЈП за државни патишта. А и да понесат доволно вода и да бидат подготвени за подолго чекање.

ИЗДВОЕНИ