вторник, јуни 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Приведени седум лица за нападот на објект на Еврејската заедница во Скопје

Приведени седум лица за нападот на објект на Еврејската заедница во Скопје

74

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на почетокот на април.

Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност, при што во изминатиот период беа преземени повеќе оперативно- тактички мерки на подрачје на град Скопје.

На 30.04.2026 од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во содејство со СВР Скопје и ОСПО, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, по претходно обезбедени наредби за вршење на претрес на дом и други простории, извршени се претреси на 13 локации на територија на Скопје, при што приведени се седум лица и одземени се предмети и електронски уреди поврзани со кривичното дело.

ИЗДВОЕНИ