Дополнителните над 26.000 дози вакцини против сезонски грип се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови низ државата. Вакцина против сезонски грип заклучно со денеска примиле 28.035 граѓани, а преку електронската пријава „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица, информираа од Министерството за здравство.
Од Министерството наведуваат дека се закажани 54.778 термини, од кои 23.225 претстојат во наредниот период.
Воедно, од Министерството ги повикуваат граѓаните од ризичните групи да ја искористат можноста за вакцинација, а оние што добиле СМС-порака со термин, но се спречени да дојдат, да го откажат терминот за тој да биде достапен за друг пациент.












