петок, септември 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пристигна биолошката терапија на Онкологија, пациентите ќе бидат известени кога да ја...

Пристигна биолошката терапија на Онкологија, пациентите ќе бидат известени кога да ја примат

103

На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) во текот на денот е пристигната биолошката терапија по новата јавна набавка, потврдуваат за МИА од оваа јавна здравствена установа.

– Пациентите благовремено ќе бидат известени од страна на персоналот на УК за радиотерапија и онкологија за кога да дојдат за апликација на терапијата и/или за подигање на таблетарната терапија, појаснуваат од клиниката.

Додаваат дека во текот на денот и сукцесивно во текот на наредната недела ќе се дистрибуираат сите лекови.

Од клиниката одговорија потврдно на нашето прашање дали веќе ги имаат сите лекови што недостасуваа.

ИЗДВОЕНИ