Фудбалскиот дуел меѓу романска Универзитатеа Крајова и албанска Егнатија во Конференциската лига привлече големо внимание, но овој пат причината не беа само случувањата на теренот. Во центарот на вниманието се најде атрактивната албанска водителка и спортска новинарка Хигерта Сако.
View this post on Instagram
Сако, која во 1995 година ја освои титулата мис на Албанија, се појави на трибините и веднаш ги привлече погледите. Нејзините фотографии брзо се проширија во регионалните медиуми, а романски „Диги спорт“ објави и посебна фотогалерија посветена на неа.
Денес таа работи како спортска новинарка во албанскиот јавен сервис РТШ, а истовремено е и телевизиска водителка со голема популарност.
Во 1996 година ја претставуваше Албанија на изборот за мис на Европа, каде што стигна до полуфиналето. Иако поминаа три децении од нејзиното крунисување, таа и понатаму привлекува огромно внимание со својот изглед и со појавувањето во јавноста.











