вторник, ноември 17, 2026
Дома БАЛКАН Прегледани снимките од безбедносните камери: Се огласи српското Обвинителство по падот на...

Прегледани снимките од безбедносните камери: Се огласи српското Обвинителство по падот на децата на ескалаторот во Белград

0
Foto: Printscreen/Video/Tanjug

Обвинителството нареди собирање докази откако десетина деца паднаа на ескалаторот во трговскиот центар Галерија во Белград. Истрагата ја изврши дежурниот јавен обвинител во присуство на полициски службеници, а наредено е да се добијат и снимки од безбедносни камери, како и документација за пуштање во употреба и одржување на ескалатори.

Како што беше соопштено, јавниот обвинител на лице место извршил увид на снимките од видео надзорот, а наложени се и разговори со наставниците, директорот на училиштето и овластените претставници од Трговскиот центар Галерија.

Истрагата е спроведена во присуство на припадници на Министерството за внатрешни работи, Полициската управа на градот Белград, Криминалистичката полиција, Осмата управа и Полициската станица Савски Венац.

За да се утврдат сите околности под кои децата паднале, обвинителството побарало собирање на сите расположливи докази, особено документација поврзана со исправноста, пуштањето во употреба и одржувањето на ескалаторите.

По поднесувањето на извештајот и медицинската документација за повредите што ги здобиле децата, обвинителството ќе донесе одлука за понатамошни дејствија, за што јавноста ќе биде навремено информирана.

ИЗДВОЕНИ