недела, октомври 4, 2026
Дома СВЕТ Предупредување на „мини ураган“ во Шпанија: Поплавите во Каталонија веќе однесоа два...

Предупредување на „мини ураган“ во Шпанија: Поплавите во Каталонија веќе однесоа два живота, едно лице е исчезнато

0
Фото: EPA/JAVIER DIAZ

Две лица настрадаа, а едно се води како исчезнато во обилните дождови и во поплавите кои ја погодина Каталонија, соопштија властите.

Каталонскиот лидер Салвадор Илја потврди во објава на социјалните мрежи смртта на еден маж врз кој поадна ѕидо во Тордера, градче на северот од Барселона, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Уште едно лице почина во местото Монторнес де Ваљес, изјавија денеска пожарникарите, додека службите за итна помош започнаа истрага по лице исчезнато во Пиенда де Мар, исто така  на северот од Барселона.

Локалните власти активираа црвен аларм и ги предупредија граѓаните да останат дома од саботата во 20 часот до недела во 14 часот по локално време поради можен, како што се наведува „мини ураган“.

Повеќе куќи и автомобили вчера беа поплавени во различни делови од Каталонија.

Летовите на аеродромот во Барселона вчера беа откажани, а железничкиот сообраќај се одвива отежнато.

ИЗДВОЕНИ