Во интервју за иранската државна радиодифузна компанија, Медведев истакна дека основните параметри, претходно изнесени, биле формулирани од рускиот претседател Владимир Путин.
Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите години. Второто барање на Медведев беше украинските власти да се откажат од својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура.
Третата точка, како што наведе заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални целини вклучени во рускиот Устав, пренесе порталот Vesti.ru.
Тој објасни дека спроведувањето на овие цели би можело да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобичните гнасни дела треба да им се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.












