
Американскиот носач на авиони „Џорџ Х.В. Буш“ денес пристигна на тајландскиот туристички остров Пукет со околу 4.800 членови на екипажот за одмор и рекреација, по шест месеци поминати на море во поддршка на американските операции на Блискиот Исток, соопшти Американската морнарица.
Во текот на изминатите шест месеци, носачот на авиони од класата „Нимиц“ и неговата ударна група ја поддржуваа операцијата „Епик фјури“ (Epic Fury) – конкретно војната со Иран – како и американската поморска блокада во зоната на одговорност на Централната команда на САД, со цел да се обезбеди поморска безбедност и стабилност на Блискиот Исток, се наведува во соопштението што го пренесе Ројтерс.
Пукет е првото пристаниште во кое застануваат „Џорџ Х.В. Буш“ и другите бродови од неговата ударна група откако во март испловија од Норфолк, Вирџинија и Мејпорт, Флорида.











