недела, август 9, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Пред патување, проверете ги провизиите за подигнување готовина

Пред патување, проверете ги провизиите за подигнување готовина

2

Народната банка на Република Македонија ги советува граѓаните што планираат да подигнуваат готовина во странство, пред патувањето да ги проверат условите и провизиите на својата банка. Како што се наведува во соопштението, трошоците за подигнување пари од банкомат на странска банка зависат од договорите меѓу банките, а во одредени случаи услугата може и да не биде достапна.

Од Народната банка посочуваат дека особено внимание треба да се обрне при користењето кредитна картичка, бидејќи провизијата за подигнување готовина може да биде повисока.

Се повикуваат граѓаните навреме да ги проверат сите услови и да го изберат најповолниот начин за користење на своите средства во странство, со цел да избегнат непотребни дополнителни трошоци.

ИЗДВОЕНИ