Пожарникар објасни како дошло до кобната тешка несреќа во Хрватска

2325
Фото:принтскрин/Осјекекспрес

Тешка сообраќајна несреќа се случи ноќеска на автопатот А3 во Хрватска. Дошло до превртување на автобус откако налетал на автомобил кој стоел на автопатот. На местото на несреќата починале две лица и 31 лице е повредено, вкупно 33 лица. Три лица се во животно загрозувачка состојба. Повредените биле згрижени од Брзата помош со вкупно девет тимови од кои шест тимови се од Сисачко-московската и три тима од Загребската жупанија.

Жупанискиот пожарникарски командант Мирослав Голуб објасни како дошло до тешката несреќа, пренесува Кликс.ба. Како што рече тој, автобобилот налетал на срна која излегла на автопатот.
– Возачот очигледно по тоа можел да го тргне автомобилот, но излегол на автопатот и им мафтал на другите автомобили да забават и за запрат. Возачот на автобусот кој се доближувал, не запрел па удрил во автомобилот на автопатот, ја пробил заштитната ограда и се превртел и завршил во спротивна насока“, изјави Мирослав Голуб.

 

ИЗДВОЕНИ