Додека пожарите продолжуваат да ја пустошат јужна Европа, најтешко е погодена Грција, каде што двајца пожарникари загинаа на Крит, додека Турција, Шпанија и Франција исто така се борат со пожари.
Двајца грчки пожарникари загинаа во среда на островот Крит, каде што голем шумски пожар брзо се прошири поради силни ветрови, а властите наредија евакуација на околните села, објави грчката противпожарна служба.
Пожарот избувна порано во среда во регионот Ретимно и брзо се прошири во близина на селото Крија Вриси во централниот дел на островот. Жителите на три блиски села, вклучувајќи го и Крија Вриси, беа евакуирани.
Бројни шумски пожари избувнаа и во западниот дел на Турција, каде што некои куќи беа уништени, а жителите беа евакуирани, една јавна болница и некои патишта беа затворени, објавија локалните медиуми. Досега нема извештаи за смртни случаи или повредени, пренесува „Хина“.












