Пожар избувна во туристичкото место Сивири на Касандра, поради што граѓаните и бројните туристи добија итна порака преку системот 112. Надлежните служби повикуваат на максимална претпазливост и итна евакуација од загрозената зона.
Сите што моментално се наоѓаат во областа Сивири добија инструкции од Цивилната заштита веднаш да се оддалечат во правец на местото Мола Калива и строго да ги следат понатамошните инструкции од надлежните служби, пишува грчката информативна страница.
View this post on Instagram
На терен е во тек обемна операција за гаснење, распоредени се 52 пожарникари со 12 возила, додека од воздух се поддржани од три авиони и еден хеликоптер.
Патем, Халкидики моментално е во категорија 4, што укажува на многу висок ризик од пожар. Затоа, сите служби се во состојба на зголемена готовност, а на туристите и локалните жители им се препорачува постојана претпазливост.












