недела, јуни 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Пожар изби меѓу штипските села Долани и Љуботен

Пожар изби меѓу штипските села Долани и Љуботен

10

Попладнево на бројот 112 бил пријавен пожар во атарот на селото Долани, Општина Штип, по што ТППЕ – Штип веднаш интервенирала со две екипи.

„Пожарот избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен. Од страната кон селото Долани, со помош на трактори биле изорани заштитни појаси, по што огнот бил ставен под контрола и изгаснат, без опасност од негово ширење кон населеното место.

Во моментов, пожарот се шири во правец кон селото Љуботен, каде што гори сува трева, нискостеблеста и борова шума.

Во гаснењето и локализирањето на пожарот ангажирани се едно противпожарно возило, три противпожарни џипови и 10 пожарникари, еден скип од ЈП „Стипион“ – Штип, четири трактори, како и екипи на полицијата и Итната медицинска помош.

Во пожарот едно лице се здобило со минимални изгореници. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица“ информираат од Центарот за управување со кризи.

ИЗДВОЕНИ