Повторно раст на трошоците на живот за 2,6 насто и на цените на мало за 2,7 насто

18

Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2,6 отсто, а индексот на цените на мало од 2,7  отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5,1 насто, Облека и обувки за 1,5 насто, Рекреација и култура за 1,4 насто, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 отсто, Здравје за 0,4 отсто и Храна и безалкохолни пијалаци за 0,3 насто.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0,7 насто и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 насто.

Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало, пак, во април во однос на март годинава се зголемени за 1,6 отсто.

Индексот на трошоците на животот во април 2025 година, во однос на април 2024 година, бележи зголемување од 2,6 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2,7 отсто.

ИЗДВОЕНИ