Постојаната мисија на Иран во ОН денес повика на „одржлив и дефинитивен крај на агресијата против Иран“.
„Секое нарушување на поморскиот сообраќај во Персискиот Залив и Ормутскиот теснец, како и неговите последици, се одговорност на Соединетите Американски Држави, чии нелегални дејствија ја загрозуваат меѓународната пловидба“, соопшти Постојаната мисија на Иран во ОН на социјалната мрежа „Икс“, пренесе „Бета“.












