вторник, ноември 24, 2026
Дома БАЛКАН Постапката за формирање влада во Србија е сложена – сè уште не...

Постапката за формирање влада во Србија е сложена – сè уште не се знае кој ќе биде мандатар!

0

Јово Бакиќ, шеф на пратеничката група „Студентска листа“, во понеделникот изјави дека сè уште не се знае кој ќе биде мандатарот за состав на влада, како и дека постапката за формирање влада е сложена.

„Никој жив не знае“, одговори Бакиќ за „Инсајдер“ на прашањето за текот на преговорите и можноста тој да стане министер за внатрешни работи во новата влада.

Како што наведе тој, одлуката првенствено зависи од мандатарот – кој сè уште не е одреден – пренесува веб-страницата на телевизијата.

На прашањето дали постои потесен круг на кандидати за таа функција, Бакиќ одговори: „Има кандидат за претседател, но што се однесува до мандатарот, сè уште немаме име“. Тој посочи дека не се знае колку долго ќе трае процесот на формирање влада, напоменувајќи дека прво мора да се спроведат политички консултации – процес кој „може да биде краток или долг“.

„Ќе видиме, ќе видиме. Во политиката, знаете, секогаш мора да има консултации. А тие консултации можат да бидат кратки или долги. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, изјави тој.

Тој исто така наведе дека можноста тој да стане дел од владата зависи од ставот на идниот мандатар.

„Мандатарот можеби смета дека сум непријатна личност. И тоа е сосема легитимно. Ако ме доживува како непријатна личност, нема да соработува со мене како министер“, нагласи Бакиќ.

Тој додаде дека таквите околности мора да се земат предвид при разговорите за составот на владата. Наведе дека преговорите за формирање нова влада сè уште не се започнати бидејќи, како што рече, имало поитни работи што требало прво да се завршат – конкретно, конституирањето на собраниските тела.

ИЗДВОЕНИ