Пост-апокалиптичната серија на Нетфликс стана глобален хит

85

THE ETERNAUT, нова аргентинска пост-апокалиптична серија на Нетфликс, ја освои публиката и критичарите во првата недела од објавувањето. Заплетот ги следи преживеаните од смртоносната снежна бура кои мора да се соочат со вонземска закана.

Серијата се вика The Eternaut, доаѓа од Аргентина, а главните улоги ги толкуваат Рикардо Дарин и Карла Петерсон. Се базира на популарниот стрип, а веќе може да се пофали со 7,8 оценка на IMDb и 93 отсто позитивни критики на Rotten Tomatoes.

Карли Лејн од Collider ја пофали серијата, велејќи: „The Eternaut, адаптацијата на Нетфликс на најпродаваниот стрип, е застрашувачка, бавна научно-фантастична приказна полна со пресврти“. Мајк Хејл од Њујорк Тајмс рече: „Авторот Бруно Стањаро ја зеде приказната за мала група луѓе со неколку едноставни особини и додаде слој по слој на мелодрама и мистерија“.

Фановите ќе бидат воодушевени што Франциско Пако Рамос, шефот на Нетфликс за Латинска Америка, на 2 мај потврди дека доаѓа втора сезона – која исто така ќе биде и последна. Тој изјави за Deadline: „Сезоната 2 ќе биде многу важна. Ќе навлезе подлабоко во многу научно-фантастични идеи кои беа навестени само во сезоната 1, а сега тие ќе бидат целосно обработени“.

Продуцентот Матиас Мостеирин додаде: „Веруваме дека ќе успееме да ја завршиме приказната на убав начин, веројатно во уште осум епизоди“.

Серијата воодушеви и бројни гледачи ширум светот, кои своите впечатоци ги споделуваат на социјалните мрежи. Многумина ја нарекуваат една од најдобрите пост-апокалиптични приказни што досега ги виделе на Нетфликс. Коментарите на обожавателите ги преплавија X (поранешен Твитер) и Редит: „Ако сакате пост-апокалиптични серии, мора да ги погледнете The Eternaut. Научно-фантастична серија базирана на стрипот The Eternaut од Хектор Герман Остерхелд“. Други додаваат: „Цел ден го гледам „ The Eternaut“. Еден корисник пишува: „Значи, го сакам The Eternaut, вие момци навистина треба да го проверите“.

ИЗДВОЕНИ