понеделник, јуни 22, 2026
Дома МАГАЗИН После Сплит, Влатко Стефановски и во неговото Скопје со мега-промоција  за „Guitar...

После Сплит, Влатко Стефановски и во неговото Скопје со мега-промоција  за „Guitar Sings“ и „Muscle Memory“

125

Представени две нови музички изданија на популарниот гитарист и џез-музичар: Станува збор за маестрално одсвирени на гитарата познатите мегахитови на некогашниот југословенки хитмејкер Ѓорѓе Новковиќ. Тоа се десет одбрани нумери (инаку, песни испеани од Здравко Чолиќ, Неда Украден, Мишо Ковач, Габи Новак, Северина: “Јужњаци“, “Вирујен у те“, “Остала си увијек иста“, “Стари Пјер“….),снимени во екслузивното лондонско Abbey Road студио во кое снимаше Пол Макартни со легендарните “Битлси“.

Македонскиот поп-рок и џез-музичар, гитарист со интернационална популарност особено на просторите на поранешна Југославија, Влатко Стефановски, одржа и конференција за новинарите, но воедно и промоција на своите најнови ЦД изданија. Предизвика голем интерес не само во медиумите, туку и кај познатите македонски личности кои дојдоа да му честитаат на успесите, меѓу кои и: Григор Копров, Драган Мијалковски, Ленче и Горан Кукиќ, Горан Алачки, Јове Кекеновски, Васил Тупурковски….

Во текот на својата долга музичка кариера Влатко Стефановски добил повеќе награди, како што е и Големата естрадна награда на Југославија и наградата за Трајни вредности. А, дека Стефановски е музичар со вредности знаат што би се рекло “и врапчињата на гранка“. Со првото новото ЦД уште еднаш тоа го потврдува. Станува збор за маестрално одсвирени на гитарата познатите мегахитови на некогашниот југословенки хитмејкер Ѓорѓе Новковиќ. Тоа се десет одбрани нумери (инаку, песни испеани од Здравко Чолиќ, Неда Украден, Мишо Ковач, Габи Новак, Северина: “Јужњаци“, “Вирујен у те“, “Остала си увијек иста“, “Стари Пјер“….),снимени во екслузивното лондонско Abbey Road студио во кое снимаше Пол Макартни со легендарните “Битлси“. Придржуван од светски признатиот и почестен Royal Phulharmonic Orchestra, Стефановски од Македонија донесува преку својата гитара, квалитетен светски звук на кој, не е тајна, огромен број музичари му позавидуваат.Второто ЦД насловено е како „Muscle Memory”, всушност е неговиот  нов студиски албум со кој музичарот слободно може да се каже, на останатите им држи лекција за работата во која се смета за виртуоз. На промоцијата, Стефановски зборуваше и за целиот процес на создавање на овие ЦД-изданијa, додека во живо свирејќи на гитарата присутните ги почести со неговиот голем хит “Чукни во дрво“. Промоцијата во Скопје во организација на издавачката куќа “Кроација-рекордс“ доаѓа непосредно по претставувањето на овие албуми во Сплит, каде Стефановски се закити со наградите „Porin Music Awards“.

Покрај музичарот, кој со децении е еден од најпрепознатливите балкански гитаристи, на пресот присутните ги поздравија и претставниците од самата „Кроација-рекордс“, дојдени од Загреб, а за која снима Стефановски. Уредничката Клаудија Чулар и извршната директорка Маја Видмар Клариќ го потенцираа своето големо задоволство што овие ЦД-изданија ја дочекаа и свечената македонска промоција во Скопје.

(Д.М.) фото:П.Стојановски

 

 

ИЗДВОЕНИ