среда, септември 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Послаб земјотрес почувствуван во Скопје

Послаб земјотрес почувствуван во Скопје

162

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на Скопје.

Според првичните информации, потресот се случил во 12:05 часот по локално време, со епицентар на околу 14 километри источно од главниот град. Длабочината на земјотресот изнесувала околу 6 километри.

Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица, а граѓаните во делови од Скопје го почувствувале како слаб потрес.

ИЗДВОЕНИ