Важноста на растението со латинското име Astragalus physocalyx, како што велат од Здружението „Полимат 13“, е во тоа што претставува балкански ендемит, кој се наоѓа на глобалната црвена листа на Меѓународната унија за заштита на природата, како и на домашната прва црвена листа со загрозени видови. 

– Подрачјето каде што расте астрагалусот претставува идно натура 2000 подрачје, кое е од исклучителна важност за зачувувањето на растителниот диверзитет во Македонија. За таа цел, од 2015 година, секоја година во април и во мај организираме пешачење по Патеката на астрагалусот, за заинтересираните граѓани и организации. Во соработка со училиштата од Богданци и од регионот, организираме и посети на живеалиштето на астрагалусот, за групи ученици, кои на овој начин ги едуцираме за значењето на локалниот биодиверзитет и за заштитата на животната средина – вели Надица Маџирова, проектен координатор во Здружението „Полимат 13“

 

Со цел да се одбележи Меѓународниот ден на растенијата, Здружението „Полимат 13“ од Богданци овој месец повторно спроведува организирани посети на живеалиштето на ендемичната билка астрагалус, која во Македонија расте токму на подрачјето на Општината Богданци.

Важноста на растението со латинското име Astragalus physocalyx, како што велат од Здружението, е во тоа што претставува балкански ендемит, кој се наоѓа на глобалната црвена листа на Меѓународната унија за заштита на природата, како и на домашната прва црвена листа со загрозени видови.

– Подрачјето каде што расте астрагалусот претставува идно натура 2000 подрачје, кое е од исклучителна важност за зачувувањето на растителниот диверзитет во Македонија. За таа цел, од 2015 година, секоја година во април и во мај организираме пешачење по Патеката на астрагалусот, за заинтересирани граѓани и организации. Во соработка со училиштата од Богданци и од регионот, организираме и посети на живеалиштето на астрагалусот, за групи на ученици, кои на овој начин ги едуцираме за значењето на локалниот биодиверзитет и за заштитата на животната средина – вели Надица Маџирова, проектен координатор во Здружението „Полимат 13”.

Од оваа граѓанска организација велат дека нивна главна цел е да направат основа за заштита и грижа за подрачјето каде што вирее астрагалусот, првенствено на локалното подрачје, но и на национално ниво.

– Во мај, традиционално, го организираме Денот на астрагалусот, настан што има цел да ги едуцира младите луѓе и целото население од нашиот крај за природните вредности што, како локална заедница, ги имаме, за значењето на природата и за подигнувањето на свеста за заштита на животната средина. Оваа година, четврти пат, Денот на астрагалусот ќе се одржи на 16 мај, со интересни содржини за најмалите, ликовна работилница, натпревари, квизови, музички настапи, кои ќе се одржат во градскиот парк во Богданци, секако, со фокус на растението астрагалус – вели Маџирова.

Таа додава дека целта е да се вклучат помладите за да поминуваат активно време во природа, за да научат да се грижат за животната средина и за да ги ценат нејзините вредности.

Астрагалусот, познат во народот како меурест козинец, спаѓа во групата диворастечки растенија, кое може да се размножува со помош на долгите корења, па затоа најчесто се среќава во групи од повеќе единки. Цвета во периодот од април до мај и има привлечни розови или бледорозови цветови. Некои видови од родот астрагалус имаат различна употреба, меѓу нив има и лековити видови, додека за меурестиот козинец нема познати податоци дека може да се употребува за медицински или за индустриски цели. Освен во Македонија, го има само уште на неколку локалитети во Бугарија, Грција и во Турција.

 

ИЗДВОЕНИ