понеделник, февруари 16, 2026
Дома СКОПСКА Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје, еве кои улици ќе бидат...

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје, еве кои улици ќе бидат затворени

173

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска (08.03.2025) со почеток во 12.00 часот ќе се одржи протестен марш по повод 8 Март со собирно место на бул. “Партизански одреди”, со траса на движење по бул. “Партизански одреди”, кон бул.”Св.Климент Охридски”, десно на бул.”Илинден”, право преку мост “Гоце Делчев” кон Стоковна куќа “Мост”, десно по бул. “Филип 2-ри Македонски” со крајна цел парк “Жена Борец” и бул. “11-ти Октомври” пред Собрание на Република Северна Македонија околу 15.00 часот.

Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

ИЗДВОЕНИ