недела, јуни 21, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Поради планирани технички зафати: Утре без струја делови од Тетово, Кисела Вода,...

Поради планирани технички зафати: Утре без струја делови од Тетово, Кисела Вода, скопско Морани и тетовските села

47

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, 7 мај 2026 година (четврток), без електрична енергија ќе бидат делови од Скопје и околината.

Прекините се закажани во периодот од 08:30 до 15:30 часот и ќе ги опфатат следните локации:

• Скопје – Кисела Вода: Без струја ќе бидат дел од ул. „Милан Мијалковиќ“ и дел од ул. „Кавалска“.

• с. Морани: Прекинот ќе го зафати целото село и викенд населбата Морани.

Повеќе населени места и во тетовскиот регион ќе останат без напојување со електрична енергија.

Според распоредот, прекините ќе се реализираат во следните термини и локации:

с. Пирок– од 09:00 до 14:00 часот. Без струја ќе бидат дел од објектите на влезот во селото од автопат, како и делот кај основното училиште.

с. Брвеница– од 09:00 до 15:00 часот. Прекинот ќе го зафати делот од селото на влез од град.

Тетово– од 09:30 до 13:00 часот. Без напојување ќе бидат објектите на Интерпромет кај Нова стоковна куќа.

с. Боговиње– од 09:30 до 14:30 часот. Ќе бидат опфатени објектите на патот за с. Пирок кај фаст фуд „Тими“.

ИЗДВОЕНИ