понеделник, јуни 22, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Полн резервоар ќе чини помалку: Горивата значително поевтинуваат!

Полн резервоар ќе чини помалку: Горивата значително поевтинуваат!

80

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,61 отсто, во однос на претходната одлука од 15 јуни 2026 година.

Од 23 јуни 2026 година во 00:01 часот, цените ќе се намалат за:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – за 3,5 денари по литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – за 4 денари по литар
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – за 7 денари по литар
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – за 7 денари по литар
Мазут М-1 НС – за 3,932 денари по килограм

Новите максимални цени ќе изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 84,00 денари/литар
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 86,00 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 80,50 денари/литар
Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) – 79,50 денари/литар
Мазут М-1 НС – 42,291 денари/килограм

Од РКЕ потсетуваат дека станува збор за максимални малопродажни цени кои ќе важат од полноќ.

ИЗДВОЕНИ