понеделник, октомври 26, 2026
Дома БАЛКАН Полициски претрес во осум станови во Будва, поврзани со наводен координатор на...

Полициски претрес во осум станови во Будва, поврзани со наводен координатор на гласачи на СНС на Вучиќ

0

Полицијата врши претрес во осум станови во комплексот „Тре Кане“ во Будва – кои, според неофицијални информации на „Вијести“, се поврзани со Милош Јањушевиќ, наводен координатор за гласачи кои ја поддржуваат Српската напредна странка во Србија – како дел од тековните проверки започнати по вчерашната операција во Беране.

За време на претресите биле пронајдени транспаренти со слоганот „Србија победува“, изјавиле извори за весникот.

Според истите извори, претресите биле иницирани по барање на полицијата од Беране, која поднела официјално барање до Основниот суд во Котор.

„Вијести“ дознава дека полицијата и Обвинителството во Беране побарале одобрение од судијата за претходна постапка при Основниот суд во Котор за претрес на становите поврзани со Јањушевиќ, врз основа на сомневање дека таму би можеле да се најдат докази за кривичното дело „повреда на избирачкото право“. Извори тврдат дека становите биле наменети за сместување лица донесени со цел да влијаат врз изборниот процес за време на изборите во Црна Гора.

Синоќа во Беране, Јањушевиќ бил запрен додека управувал службено возило на Јавното претпријатие за управување со морското добро,а според весникот, во возилото биле пронајдени изборни материјали.

Подоцна, тој заминал од избирачко место – каде што бил член на избирачкиот одбор – и се упатил кон Подгорица во дипломатско возило на Амбасадата на Србија во Црна Гора.

Синоќа во Беране, Горан Јањушевиќ од Никшиќ, Радован Гузина од Даниловград и еден државјанин на Србија, идентификуван како Р. А., биле приведени под сомнение за мешање во изборниот процес за време на гласањето на вонредните парламентарни избори во Србија.

Според неофицијални информации до кои дојде весникот, полицијата кај Јањушевиќ пронашла списоци со десетици имиња. Извори за „Вијести“ тврдат дека Милош Јањушевиќ делува како неофицијален координатор за гласачите кои ја поддржуваат Српската напредна странка, додека Р. А. бил задолжен за комуникација со гласачите и организирање на нивниот превоз.

ИЗДВОЕНИ