четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Полицијата утврди: Лажни се дојавите за бомби во трговските центри „Ист гејт“...

Полицијата утврди: Лажни се дојавите за бомби во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“

38

Министерство за внатрешни работи информира дека денеска (19.04.2026) на електронската адреса на институцијата била добиена порака со закана дека во Ист Гејт Мол и Дајмон Мол во Скопје се поставени експлозивни направи.

Веднаш по приемот на пријавата, полициски службеници презеле соодветни мерки и активности во внатрешноста и околу двата објекта.

По извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби.

Полицијата на терен, се врши евакуација по дојавите за бомби во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“

ИЗДВОЕНИ