Четиринаесетгодишно момче од Тетово било ограбено од свој врсник, кој со закана со остар предмет му одзел пари. Според пријавата во полиција, ова не бил првпат малолетникот да го нападне момчето на ист начин.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 26 ноември, во 15:15 часот, 43-годишен жител на Тетово пријавил во СВР Тетово дека малолетник од градот му се заканил со остар предмет на неговиот 14-годишен син, по што му одзел пари.
Според пријавеното, истиот малолетник и претходно му го сторил истото на момчето.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.












