Поетско-музичка вечер „Пееме за Гевгелија“

29

Со поетско-музичката вечер „Пееме за Гевгелија“, која ќе се одржи утре, со почеток во 19:00 часот, во Угостителската сала на средното училиште „Јосиф Јосифовски“, започнува културно-свеченото одбележување на општинскиот празник 7 Ноември, Денот на ослободувањето на Гевгелија.

Настанот, како дел од програмата за „Гевгелија град на културата за 2025 година“, е во организација на СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија.

– Присутните ќе имаат можност да уживаат во мултимедијален настан – спој на поезија, музика и игра, кој ќе ги опфати и народното и современото творештво посветено на градот. Преку изборот на композиции и рецитации, ќе се претстави богатството на македонската уметничка традиција. Во вечерта ќе учествуваат ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“– Гевгелија, членови на Драмската група „Дон Кихот“ и музички таленти, а програмата ќе биде збогатена и со претставување на Ансамблот „Бојмија“– Гевгелија. Преку своите интерпретации, сите ученици ќе ги изразат љубовта и гордоста кон родниот крај – информираат од Општина Гевгелија.

Настанот има за цел преку уметнички израз да ја истакне улогата на младите во градењето на културниот идентитет на Гевгелија како град на културата.

Поетско-музичката вечер „Пееме за Гевгелија“ е првиот во низата културни и свечени настани што оваа година ќе се одржат по повод чествувањето на 7 Ноември.

 

ИЗДВОЕНИ