недела, јуни 28, 2026
Дома СВЕТ Подвиг на спасувачите за чудо во Венецуела: Момче извлечено од урнатините по...

Подвиг на спасувачите за чудо во Венецуела: Момче извлечено од урнатините по три дена/ВИДЕО

1

Единаесетгодишно момче (11) е извлечено живо од урнатините во Карабаледа, во северна Венецуела, три дена откако смртоносни земјотреси го погодија регионот, објави привремената претседателка на земјата, Делси Родригез.

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, приложувајќи видео од спасувањето на детето кон својата порака.

Новороденче старо 18 дена и неговата мајка беа спасени од урнатините во петокот навечер.

„Сега најчесто ископуваме безживотни тела, но фала му на Бога, понекогаш сè уште наоѓаме преживеани“, изјави за АФП спасител во градот Плаја Гранде.

Според најновите владини бројки, најмалку 1.430 луѓе загинаа во два последователни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени што го погодија северниот дел од земјата во среда, а повеќе од 50.000 сè уште се водат како исчезнати.

Земјотресот погоди седум милиони луѓе, според податоците на ОН.

ИЗДВОЕНИ