понеделник, септември 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Подготвени 400 килограми ајвар во Босилово

Подготвени 400 килограми ајвар во Босилово

1

Околу 400 килограми ајвар вчера биле подготвени во Босилово, каде по петти пат се одржа традиционалната локална манифестација „Ајверијада 2026“.

На повеќе печки, домаќинки од општината го подготвуваа традиционалниот македонски специјалитет од црвена пиперка, во атмосфера исполнета со дружење, мирис на печена пиперка и традиционални вкусови.

Градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, посочи дека манифестацијата од година во година прераснува во традиција, но и дека нејзината организација е сериозен предизвик.

Подготвениот ајвар беше дегустиран со домашно сирење на спортското игралиште на ООУ „Гоце Делчев“.

На штандовите посетителите имаа можност да пробаат и лутеница, малиџано и други специјалитети од црвени пиперки. Покрај традиционалните прехранбени производи, беа изложени и домашни чварки, грнчарски производи, природен пчелен мед и други пчелни производи.

Манифестацијата беше збогатена со културно-уметничка програма, во која настапија познати пејачи и културно-уметнички друштва. „Ајверијада 2026“ се одржа под покровителство на Општина Босилово и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел промоција на традиционалното подготвување ајвар и специјалитетите од црвена пиперка.

ИЗДВОЕНИ