Под сомнителни околности: Исчезна седумгодишно девојче во Загреб/ФОТО

123

Загрижените членови на семејството во загрепската полиција го пријавиле исчезнувањето на седумгодишното девојче, кое, според пријавата, последен пат било видено во загрепски Јанкомир.

Таа има седум години. Нејзиното име е Глорија Вајдерер и е родена во Минхен, Германија. Но, таа има двојно државјанство, хрватско и германско, а од вторникот не и е пронајдена апсолутно никаква трага.

Тоа е девојче со средна градба, висока 130 сантиметри, со права кафена коса и кафени очи.

Во моментот на нејзиното исчезнување во вторникот носела розова маица, темно сини фармерки и розови патики.

А, она што загрижува се конкретните околности на исчезнувањето – сомнение за прекршување на судска одлука, што наводно уследило по средба меѓу едниот од родителите и нивната ќерка, која потоа не била вратена на другиот.

„Доколку имате информации за лицето на фотографијата, известете ја најблиската полициска станица или јавете ни се на 192. Информациите можете да ни ги испратите и на е-маил: [email protected]“, апелираат од полицијата.

ИЗДВОЕНИ