петок, јануари 23, 2026
Дома СКОПСКА Почна изградбата на спортската сала во училиштето во Црешево

Почна изградбата на спортската сала во училиштето во Црешево

161

Училиштето во Црешево ќе добие спортска сала. По 61 година, учениците од Црешево, Виниче и Смилковци, кои своето основно образование го поминуваат во ова училиште, ќе имаат училишна сала која ќе се гради согласно сите европски стандарди.

Камен-темелникот на објектот денеска го поставија премиерот Христијан Мицковски и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Мене ми претставува посебна радост и задоволство што можам да кажам дека започнува со физичка реализација на оној проект што го најавуваме уште во времето на кампањата, а тоа е децентрализација на средства од централниот буџет кон општините. Нешто што повеќе од шест децении е потреба на овие три населени места овде, за ова училиште каде што учат 180 дечиња од овие населени места во Општина Гази Баба – истакна Мицкоски.

Градоначалникот Стефковски информираше дека училишната сала, која започнува да се гради, ќе може да се користи за различни категории на спорт и тоа кошарка, одбојка, ракомет и други активности од физичкото и здравственото образование.

Дополнително, ќе се изградат и помошни простории како соблекувални со тоалети опремени со тушеви, канцеларија за наставниот кадар и простор за складирање и чување на спортските реквизити.

Вкупната вредност на проектот изнесува 34.099.421 денари.

Почетокот на реализацијата на овој проект е благодарение на доделување на финансиска поддршка од Владата за реализација на капитални проекти во општините.

 

 

ИЗДВОЕНИ