Почна втората фаза од уредувањето на критото на реката Серава

920

Едно од најголемите барања на граѓаните на општина Бутел денес се реализира. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека е започната изградба на втората фаза од речното корито на река Серава. Проект, како што вели кој 40 години им бил ветуван на граѓаните на општина Бутел.

-Овој дел е во должина од 300 метри. Вкупно ќе биде уредено со камен 1.800 метри од коритото на река Серава. Во завршна фаза е и патеката во должина од 800 метри и паркот кој ќе се протега на површина од 5.000 квадратни метри – изјави Костовски.

За уредување на речното корито и изградба на трим патека ќе бидат вложени 65 милиони денари.

ИЗДВОЕНИ