сабота, февруари 7, 2026
Дома СКОПСКА Почна реконструкцијата на главната улица во Љуботенски Пат

Почна реконструкцијата на главната улица во Љуботенски Пат

294

Општина Бутел започна со реконструкција на главната улица „30“, во населеното место Љуботенски Пат. Ова е улица што е од големо значење за жителите и го поврзува целото населено место.

– На улицата „30“ е предвидено машинско гребење и копање на оштетениот и пропаднат асфалт, како и поставување нови шахти и сливници. Предвидено е и проширување на улицата онаму каде што е возможно – соопшти градоначалникот Дарко Костовски.

Улицата „30“ е во должина од 900 метри и е со површина од 3.500  квадратни метри.

– Ова е почеток на големата градежна офанзива. Инвестираме над 150 милиони денари во реконструкција на 70 улици – нагласи Костовски.

Претходно, во населеното место Љуботенски Пат беше изградена нова пешачка патека, како и спортско- рекреативниот центар „Бранители“.

ИЗДВОЕНИ