петок, јануари 23, 2026
Дома СКОПСКА Почна пролетната дератизација во Центар

Почна пролетната дератизација во Центар

69

Општина Центар започна со редовна пролетна дератизација на целата територија. Во текот на следните две недели ќе бидат опфатени над две илјади шахти, со цел уништување на штетните глодачи и инсекти, како и превенција од можни заразни болести.

Дератизацијата се спроведува два пати годишно, во пролет и во есен, и претставува една од клучните мерки што ги презема Општината за заштита на здравјето на населението.

Општина Центар информира дека препаратот што се користи за дератизацијата е селективен, сертифициран од овластен производител и е специјално дизајниран за контрола на популацијата на глодачи. Препаратот е одобрен од Министерството за здравство на Република Северна Македонија и не претставува ризик за другите животински видови.

 

ИЗДВОЕНИ