Потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, неговата сопруга Уша и нивните четири деца го одбележаа Денот на благодарноста со посета на воздухопловната база „Рајт-Патерсон“ во Охајо, каде што помогнаа во послужувањето на празничниот оброк за припадниците на американската војска.
Според агенцијата АП, Венс ја опиша средбата како одлична можност за разговор со воениот персонал во опуштена атмосфера – без формални говори или присуство на медиуми – иако, всушност, таму имаше камери и новинари.
Vice President JD Vance and the Second Family serve food to our troops at Wright Patterson Air Force Base ahead of Thanksgiving. pic.twitter.com/XMCp81mgio
— Vice President JD Vance (@VP) November 25, 2026
Семејството празникот го поминува во Охајо, а базата се наоѓа недалеку од Синсинати, каде што живее Венс, како и од неговото родно место.
Додека служеше храна, идниот потпретседател разговараше со воениот и цивилниот персонал, прашувајќи ги за нивното потекло и преференциите за храна. На менито имаше мисирка, говедско месо, шунка и разни прилози.
Неговиот деветгодишен син, Јуан, помагаше во послужувањето на оброците, додека Уша – држејќи го во раце нивното најмало дете – разговараше со присутните. Подоцна, двојката седна на маса заедно со припадниците на војската.
За време на ручекот, не свесен дека микрофонот му е сè уште вклучен, Венс раскажа необична приказна за еден инцидент од 2011 година, кога десетици лавови, тигри, мечки и пуми избегаа од приватен имот во Охајо. Животните биле ослободени откако сопственикот ги отворил нивните кафези и си го одзел животот.
Посетата се случи неколку дена откако претставниците од Охајо во Конгресот побараа од администрацијата на Доналд Трамп идната Вселенска академија да биде лоцирана во близина на воздухопловната база „Рајт-Патерсон“. Републиканскиот сенатор Берни Морено, кој ја предводеше иницијативата, предложи овој центар да има исто значење за Вселенските сили на САД, какво што имаат „Вест Поинт“ за Армијата и „Анаполис“ за Морнарицата.












