Оваа градинка ќе биде со површина од 1.150 квадратни метри, а градежната парцела на која се гради е со површина од 2.000 квадратни метри. Објектот ќе има седум занимални, а ќе може да прими 130 деца. Како што истакна заменик градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, рокот за изградба е 120 дена.
-Се надеваме дека некаде пред зимата новата градинка веќе ќе може да ги прими децата и да влезат во комплетно нови и модерни услови – изјави Крстевски. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека со изградбата на објектот ќе бидат обезбедени современи услови за децата, а тоа, како што рече е врвен приоритет во Општина Карпош. Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани Лимани нагласи дека изградбата на градинката е доказ дека инвестирањето во децата е инвестиција во иднината на нашата држава
Во населбата Козле почна изградбата на новата градинка „Пролет“. Почетокот на градежните активности беше означен во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, како и заменик градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски.
Оваа градинка ќе биде на површина од 1.150 квадратни метри, а градежната парцела на која се гради е со површина од 2.000 квадратни метри. Објектот ќе има седум занимални, а ќе може да прими 130 деца.
Како што истакна Крстевски, рокот за изградба е 120 дена.
-Се надеваме дека некаде пред зимата новата градинка веќе ќе може да ги прими децата и да влезат во комплетно нови и модерни услови – изјави Крстевски.
Премиерот Мицкоски истакна дека со изградбата на објектот ќе бидат обезбедени современи услови за децата, а тоа, како што рече е врвен приоритет во Општина Карпош.
-Секој еден ваков почеток претставува голем успех, во смисла на тоа дека ќе обезбедиме подобри услови за живот, во времето кое ќе ги поминуваат нашите најмлади, дечињата, во овој објект. Ќе учат, ќе другаруваат – наведе Мицкоски, нагласувајќи дека и во иднина ќе се реализираат вакви проекти.
Тој додаде дека само на овој начин можат да се обезбедат пристојни услови за развој на најмладите, но истовремено и родителите коишто ќе ги остават своите дечиња во овој новоизграден објект ќе се чувствуваат сигурни дека децата се згрижени, дека ја добиваат негата којашто ним им е потребна и, се разбира, тука ќе се образуваат и ќе другаруваат.
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани нагласи дека изградбата на градинката е доказ дека инвестирањето во децата е инвестиција во иднината на нашата држава.
-Приоритет на Министерството е секое дете да има пристап до квалитетна предучилишна грижа, безбедна средина и еднакви можности за развој. Владата континуирано инвестира во проширување на капацитетите за згрижување на децата бидејќи наша цел е да ги намалиме листите на чекање и да создадеме современи услови во кои децата ќе растат, ќе учат и ќе ги развиваат своите потенцијали – изјави Лимани.
Тој најави дека дел од градинките кои се во фаза на изградба по општините ќе бидат отворени до крајот на оваа или следната година и со нив ќе бидат обезбедени 3.500 нови места.
-Продолжуваме со поддршка на општините бидејќи силната заштита на децата и поддршката на семејствата се од суштинско значење за демографскиот развој и за подобра иднина – рече Лимани.
(А.П.)












