петок, јуни 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Почна американската блокада на Ормускиот теснец

Почна американската блокада на Ормускиот теснец

134

Воената блокада на Соединетите Американски Држави на целиот сообраќај што влегува во иранските пристаништа и излегува од нив почна денеска во 16 часот по средноевропско време (10.00 источноевропско), откако не успеаја мировните преговори во текот на викендот во Пакистан.

Цените на нафтата повторно надминаа 100 долари за барел, а брзите паднаа, бидејќи се очекува неуспешните преговори и блокадата дополнително да ја нарушат глобалнаа економија, пренесува „Си-ен-ен“.

Ограничувањата ќе се применуваат низ Персискиот залив, Оманскиот залив и Арапското море источно од Ормутскиот мореуз, соопшти Британскиот центар за координација на поморска трговија во предупредувањето до сите пловила, и ќе го опфати „целкиот ирански брег, вклучувајќи ги и пристаништата и енергетската инфраструктура“.

На неутралните бродови кои се наоѓаат во иранските пристаништа во моментот „и е одобрен ограничен рок на ги напуштат“ тие подрачја, додаде УКМТО.

„Преминот низ Ормутскиот теснец кон неиранските дестинации или од нив не е пријавен дека е нарушен со овие мерки; меѓутоа, бродовите можат да најидат на воено присуство, насочени комуникации или процедури на преглед во моментот на преинувањето“, се наведува во соопштението.

Се подготуваат понатамошни насоки за бродовите во врска со ограничувањата, се додава во соопштението.

ИЗДВОЕНИ