петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Почна акција за чистење на коритото на реката Кумановка

Почна акција за чистење на коритото на реката Кумановка

99

Општина Куманово започна акција за чистење на корито на реката Кумановка, со цел отстранување на отпадот, дивата вегетација и подобрување на протокот на водата.

Според градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, ваквите активности се важни за создавање почиста средина и превенција од евентуални поплави.

– Работните екипи се на терен и посветено работат за да стане градот побезбеден и поубав – информираше Димитриевски.

Тој апелираше до граѓаните да ја чуваат природата, да не фрлаат отпад во реките и да придонесат кон заедничката одговорност.

ИЗДВОЕНИ