Познатиот кошаркар Џејсон Колинс почина на 48-годишна возраст, објави НБА. За жал, Колинс ја загуби битката со агресивен тумор на мозокот и лекарите не можеа да го спасат.

Тој некогаш беше моќен центар кој остави длабок белег во НБА и играше во неа од 2001 до 2014 година. Во НБА пристигна како 18. избор на драфтот, а Хјустон веднаш го испрати во Њу Џерси, каде што играше до 2008 година и беше важен дел од генерацијата во која беа Џејсон Кид, Ричард Џеферсон…

После тоа, Колинс почесто менуваше клубови и играше за Мемфис, Минесота, Атланта, Бостон, Вашингтон и најпосле за Бруклин, од каде што се пензионираше во 2014 година.

Кратко пред крајот на својата кариера, Џејсон Колинс стана првиот истакнат кошаркар кој објави дека е геј. Тој не беше само првиот кошаркар, туку и првиот спортист во четирите големи американски лиги што го стори тоа (НБА, МЛБ, НФЛ, НХЛ) и оттогаш се бори за правата на ЛГБТК+ заедницата.

За жал, во септември 2025 година, НБА објави во име на Колинс дека тој има тумор на мозокот и дека почнал терапија, а во декември беше објавено дека, за жал, станува збор за „четврта фаза“.

ИЗДВОЕНИ