среда, септември 23, 2026
Дома МАГАЗИН Почина Џан Север-Далипова – Ѕвездата на ромската песна

Почина Џан Север-Далипова – Ѕвездата на ромската песна

191

Легендите не умираат

Милиони обожаватели се тажни. Почина саканата Џан Север-Далипова, мегаѕвездата на ромската песна.

Многумина нејзини пријатели, роднини и колеги упатија искрени зборови на сочувство: „Твојот глас, твојата насмевка и твоите песни ќе останат засекогаш во нашите срца. Ти не беше само голема ромска ѕвезда туку и човек што ни беше драг на сите. Твоите песни ќе продолжат да живеат меѓу нас. Ќе ги слушаме, ќе ги пееме и преку нив секогаш ќе те чувствуваме блиску до нас. Легендите не умираат, тие живеат во своите дела, со својата музика и во срцата на луѓето што ги сакаат. Твојата песна никогаш нема да замолкне“.

Родена е на 8 јули 1967 година во Велес, а музиката беше дел од нејзиниот живот. Голем професионален пресврт ѝ се случи  во 1997 година кога настапи во популарната турска програма „Ибо шоу“, која ја водеше Ибрахим Татлисес. Многу пред тоа на 12 години, го изгубила видот на едното око. Неколку години подоцна, се соочила и со сериозни здравствени проблеми. Во 1994 година, ѝ била дијагностицирана тешка форма на ревматизам на грбот, поради што долго време имала големи проблеми со движењето.  Била успешно оперирана во Германија во 2009 година.

Од големата Џан Север емотивно се прости и Симеон Атанасов, посинокот на кралицата Есма Реџепова:  „Џан беше голема естрадна уметница и неповторлив глас на ромската музика. Со својот талент, песната и со препознатливиот начин на изведба, остави неизбришлива трага во срцата на многу генерации. Нејзината музика ќе продолжи да живее, а споменот за неа ќе остане вечен.

Твојата песна ќе одекнува и понатаму. Почивај во мир, мила наша Џан Север“.

 

 

ИЗДВОЕНИ