
Рускиот голман Матвеј Сафонов откри малку необична причина зошто решил да застане меѓу стативите, а неговата изјава ги насмеа љубителите на фудбалот. Голманот на ПСЖ откри дека неговата голманска кариера почнала речиси случајно. Пораснал во спортско семејство, неговиот татко бил кошаркарски тренер, а пред фудбалот, тренирал теквондо и пливање, а едно време дури играл и ах.
Одлучувачкиот момент дошол кога го посетил еден скаут од Краснодар неговото училиште, во потрага по високи момчиња.
– Бараа високи момци и веќе на вториот тренинг ме ставија на голот. Се покажав одлично. Мразам да трчам и претпочитам другите да го прават тоа – се пошегува Сафонов.
Рускиот репрезентативец моментално брани за актуелниот европски клупски шампион, каде што помина низ значаен развој.
По првата сезона во која беше претежно резерва и имаше 17 настапи, мораше да се бори за место во тимот по доаѓањето на Лукас Шевалие.
Беше на клупата некое време, но подоцна повторно ја доби својата шанса и се избори за позначајна улога.
Тој особено го истакна влијанието на тренерот Луис Енрике врз неговиот развој.
– Овие две години беа клучни. Длабоко се променив ментално, физички и тактички. Без Луис Енрике, не би бил голманот што го гледате денес – рече Сафонов.
Неговата приказна покажува дека може да се родат некои одлични фудбалски кариери сосема случајно, па дури и од желба да се трча што е можно помалку.











