Евровизија 2026 ги има сите свои финалисти, бидејќи по второто полуфинале, познати се сите учесници кои ќе настапат во сабота, 16 мај, во Виена, објави официјално „Евровижанворлд“.
По уште една динамична вечер полна со емотивни настапи и спектакли на сцената, ги знаеме сите финалисти кои ќе се натпреваруваат за најдобра песна на Евровизискиот натпревар за песна 2026.
Во финалето од второто полуфинале се пласираа Бугарија, Украина, Норвешка, Австралија, Романија, Малта, Кипар, Албанија, Данска и Чешка. Од првата вечер за финалето се пласираа Грција, Финска, Белгија, Шведска, Молдавија, Израел, Србија, Хрватска, Литванија и Полска.
Во финалето се пласираа и Италија, Германија, Франција, Австрија и Обединетото Кралство, кои настапија надвор од натпреварот и ќе имаат право да гласаат во финалето.
Финалето на Евровизискиот натпревар за Избор на песна на Евровизија е закажано за сабота во 21 часот.












