Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) денес објавија дека 41 лице моментално се следи во Соединетите Американски Држави за можна инфекција со хантавирус.
Овие луѓе се замолени да останат дома и да избегнуваат контакт со други во текот на 42-дневниот период на следење, објави „Ројтерс“.
Во Соединетите Американски Држави, 41 лице е под надзор поради можна изложеност на хантавирус, објавија во среда американскиот Центрат за контрола и превенција на болести (CDC). На повеќето им е советувано да останат во своите домови и да избегнуваат контакт со други луѓе во текот на 42-дневниот период на набљудување, пишува „Ројтерс“.
д-р Дејвид Фитер, кој го води тимот за одговор на епидемијата на Центарот, објасни дека луѓето под надзор доаѓаат од три главни групи. „Првата група се состои од патници кои неодамна се вратиле во земјата и сега се во Небраска и Емори. Втората група се состои од патници кои веќе го напуштиле бродот и се вратиле дома пред да се идентификува епидемијата.
Третата група се луѓе кои можеле да бидат изложени за време на патувањето, особено на летови каде што било присутно лице со симптоми“, им рече Фитер на новинарите.
Инаку, пред три дена беа потврдени уште два случаи на инфекција со хантавирус кај евакуираните патници од крузерот „Хондиус“ – една Американка и една Французинка. Американските власти потоа објавија дека уште еден патник имал благи симптоми на болеста. СЗО препорача здравствен надзор и 42-дневен карантин за реткиот сој на Андите хантавирус, кој може да се пренесе од човек на човек.












