
САД ја прекинуваат целосната трговија со Шпанија, лути што таа е единствената членка на НАТО која минатата година не се обврза да издвои пет проценти од бруто-домашниот производ за одбрана до 2035 година.
Американскиот претседател Доналд Трамп од Анкара изјави дека Шпанија е ужасен партнер и не сака да има ништо со неа, давајќи му наредба на својот министер за трговија да ја прекине трговијата со таа земја.
Канцеларијата на шпанскиот премиер реагираше на повикот на Трамп да ја суспендира целата трговија со Шпанија, велејќи дека Мадрид ги смета неговите закани за „вообичаен начин на водење бизнис“.
– Нашата земја ужива одлични социјални, културни и економски односи со САД и немаме намера да го промениме тоа, се вели во официјалното соопштение на шпанската влада.











