петок, јуни 5, 2026
Дома БАЛКАН „По години непријателство од предходната влада“: Израел ја отворa првата амбасада во...

„По години непријателство од предходната влада“: Израел ја отворa првата амбасада во Словенија

16
EPA/ANTONIO BAT

Израел планира да отвори амбасада во Словенија, изјави доцна во четвртокот министерот за надворешни работи Гидеон Саар, во знак на затоплување на односите откако новата влада од десниот центар ја презеде власта во Љубљана.

Владата на премиерот Јанез Јанша веројатно ќе го промени правецот на надворешната политика наметнат од неговиот претходник, социјаллибералот Роберт Голоб.

Претходната влада ја призна палестинската држава и му забрани влез на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Словенечката телевизија, исто така, одби да учествува на овогодинешниот Евровизиски натпревар и не го емитуваше Евровизискиот натпревар, токму поради учеството на земјата од Блискиот Исток.

ИЗДВОЕНИ